
Коалицијата ВЛЕН ги оцени како очајни најавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за бојкот на локалните избори. Според ВЛЕН, Ахмети како алиби го користи прашањето за Законот за употреба на јазиците бидејќи ја изгубил довербата кај граѓаните.
„Али Ахмети вчера од Липковo потврди: ДУИ се подготвува да ги бојкотира локалните избори. Исто така,, го призна тоа што ние одамна го кажавме. Иницијативата за Законот за употреба на албанскиот јазик пред Уставниот суд е скриена замка на ДУИ, со која сакаат да имаат политичка корист и да му нанесат штета на ВЛЕН. Али Ахмети веќе нема опција. Нивните анкети ја потврдуваат горчливата вистина – Албанците повеќе не сакаат да гласаат за нив“, велат од ВЛЕН.
Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, синоќа изјави дека доколку Уставниот суд го допре Законот за употреба на јазиците, нема да има локални избори, кои треба да се одржат во октомври годинава.
„Јас се изјаснив пред луѓето, имам многу средби со народот и реков дека ако се допре Законот за јазикот, нема локални избори и не може да се постават кутии за одржување локални избори, ако се допре Законот за јазикот. Законот за јазикот не е на Демократската унија за интеграција, Законот за јазикот е и на оние кои ќе се раѓаат, се додека изгрева сонцето”, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Барањето на ДУИ е заедно со локалните избори да се одржат и парламентарни, бидејќи според нив, ВЛЕН влегла во владата иако не победила на последните парламентарни избори и затоа им недостига легитимитет./Алсат.мк
Суад Бајрами