ВЛЕН: И по 33 години, сè уште се наметнуваат прашања во врска со употребата на мајчиниот јазик на Албанците
ВЛЕН: И по 33 години, сè уште се наметнуваат прашања во врска со употребата на мајчиниот јазик на Албанците

Коалицијата ВЛЕН во честитката по повод 33-годишнината од независноста на државата, смета дека е апсурдно што прашањето за употреба на албанскиот јазик се уште останува отворено.
„И по 33 години независност и 23 години од потпишувањето на Охридскиот договор, за жал, сè уште се наметнуваат прашања во врска со употребата на мајчиниот јазик на Албанците, цивилизациско достигнување и демократска придобивка што не треба да се доведува во прашање во 21 век. Нашата генерација има историска обврска да се соочи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори за реформи кои ќе ги вратат капацитетите на оштетените државни институции. Само преку транспарентност, отчетност и посветеност на општото добро можеме да обезбедиме светла иднина за сите наши граѓани без разлика на етничката припадност“, нагласуваат од коалицијата ВЛЕН.