МАКЕДОНИЈА
Влен: Македонија секогаш се заложува за мир

Северна Македонија секогаш се заложува за мир!
ВЛЕН ги поддржува напорите на стратешките партнерите за заштита на регионалната и глобалната безбедност.
Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта.
Северна Македонија е посветен партнер на САД, НАТО и ЕУ. Нам ни треба свет во кој безбедноста и дијалогот се вредности што никој не смее да ги руши, велат од ВЛЕН.