ВЛЕН наскоро ќе излезе со единствен став во врска со изборниот модел
ВЛЕН наскоро ќе излезе со единствен став во врска со изборниот модел

Коалицијата ВЛЕН наскоро ќе излезе со единствен став во врска со изборниот модел за кој веќе има две иницијативи во Собранието. Вицепремиерот Изет Меџити рече дека сите модели се добри во принцип, но деталите се разгледуваат.
„Изборите се ближат, обично ова бара подолг период на дебата, за да биде поинклузивен процес, со аргументи за и против бидејќи во принцип сите модели се добри, но треба да ги разгледаме деталите. Влен има неколку субјекти во него кои во минатото имале различни мислења, некои партии биле за модел со 3 единици, некои со 8 изборни единици, може да биде дури и една единица, но зависи од тоа кој модел на една изборна единица. Деновиве ќе излеземе со унифициран став за да придонесеме кон изборот на најдобриот модел“, изјави Изет Меџити, вицепремиер.
Меџити рече дека се работи на проширување на мнозинството со други пратеници од Европскиот фронт.
„Што се однесува до мнозинството, мнозинството е стабилно, фокусирано на спроведување на програмата, проектите и решавање на проблемите на граѓаните. Мнозинството расте, а во втор план се работи на негово уште поголемо зголемување со пратеници од Европскиот фронт“, рече Изет Меџити, вицепремиер.
Коментирајќи ја пораката што Зијадин Села му ја испрати на Али Ахмети ден претходно во врска со Струга, Меџити изјави дека ДУИ во последните години опстанала благодарение на поделбите во опозицијата, но, како што рече, ДУИ заборавила дека тој што разделува, на крајот завршува разделен.
Ајнур Бафќари