МАКЕДОНИЈА

ВЛЕН одговори на обвинувањата на ДУИ за намалување на застапеноста на Албанците

На обвинувањата на ДУИ дека ВЛЕН не ги штити и застапува Албанците, коалицијата која е дел од Владата одговори со контраобвинувања за непотизам. ВЛЕН ги наброја имињата на поранешните функционери на ДУИ и членовите на нивните семејства вработени во М-НАВ, што тие го нарекуваат срамен пример за семејната пирамида на ДУИ, упориште во кое вистинското презиме добива работа со висока плата.

Advertisements

„Еве како ДУИ ги „заштити“ Албанците со тоа што си ги удони: Верона Груби – снаа на Артан Груби како шеф на Архива, Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководителка на набавки Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – членови на семејството на Ејуп Халими, Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани, Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи, Арбин Весели – внук на Беким Незири, Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили и Самир Буши – син на Назиф Буши“.

Реакцијата на ВЛЕН доаѓа по обвинувањата на ДУИ за деалбанизација на државните институции. Според ДУИ, во безбедносните и разузнавачките агенции на Северна Македонија се случува невидено етничко чистење.

„За прв пат од 2001 година, ниту една лидерска позиција – директор, заменик-директор или помошник директор – во трите главни агенции за државна безбедност, вклучително и Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Воената разузнавачка агенција, нема Албанци”, велат од ДУИ.

Додека партиите меѓусебно се обвинуваат за вработувањата, ЕУ и другите меѓународни институции ја критикуваат земјата за партизација на институциите и непочитување на принципот на меритократија. Земјата, исто така, направи чекори наназад во борбата против корупцијата. Ова јасно го покажуваат резултатите од Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл. Во последната деценија додека ДУИ беше дел од Владата, земјава континуирано паѓа надолу, останувајќи во група со африкански и азиски земји, далеку од европските земји. Од вкупно 180 вклучени земји, Северна Македонија е на 88-то место. Додека, од 100 поени – максимум за борба против корупција, Македонија собрала само 40.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button