ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН отворени за соработка и со други политички субјекти за локалните избори

Спојувањето на коалицијата ВЛЕН од четири во една партија ќе се случи по локалните избори следната година. ВЛЕН и сега функционира добро и координирано како партија. Ова денеска го изјави лидерот на Беса, Билал Касами. Според него, резултатот од локалните избори ќе биде најдобар показател за моќта на овие партии.

Advertisements

„…Верувам дека најпогодни услови да имаме заедничка политичка организација или структура ќе бидат по локалните избори, кога ќе видиме како ВЛЕН но и како учесници во оваа коалиција каде и што сме. Имаме ли потенцијал да бидеме носител на важни процеси во Македонија? Во оваа фаза има многу добра координација на активностите со неколку заеднички тела и веруваме дека до локалните избори ќе дојдеме до оваа фаза бидејќи до локалните избори ќе биде важно да се мотивираат партиските структури, да не се стопат и неутрализираат туку да ги активираме. На локалните избори ќе имаме многу позитивен резултат, по што ќе се создадат услови и за заеднички конгрес и ќе се изврши хомогенизација на структурите на четирите партии“, рече Касами.

Касами додаде дека коалицијата ВЛЕН во овој состав ќе оди и на локалните избори следната година и политичките партии нема да се натпреваруваат одделно.

„Секако, на локалните избори ќе одиме како ВЛЕН, односно како коалиција, но ќе бидеме отворени и за други партии и организации да ни се придружат, но ќе се оди како ВЛЕН за да се види можноста за спојување во еден субјект“, додава Касами.

Инаку, во коалицијата ВЛЕН последниот месец се  прават реструктуирања на партиите, како подготовка за следните локални избори.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button