ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН спроведува анкети за кандидатите за градоначалници во октомври

ВЛЕН спроведува анкети за кандидатите за градоначалници во октомври

Коалицијата ВЛЕН се наоѓа во фаза на анкети и анализа на имиња за кандидатите за градоначалници на локалните избори во октомври. Кандидатите на изборите ќе настапат под логото на ВЛЕН.

Advertisements

„Ние не сметаме дека целиот политички потенцијал се наоѓа само во ВЛЕН, туку цениме дека има интелектуалци, бизнисмени, академици кои не го носат дресот на ВЛЕН, но ако процениме дека некој е најдобар за некој град, за некоја општина, ние му велиме: повели, води нè – ќе ја имаш силната поддршка од ВЛЕН.“ Доколку ВЛЕН процени дека Изет Меџити треба да биде кандидат во Чаир, и таа опција постои, но засега нема ништо конкретно“ – Изет Меџити, ВЛЕН.

Арбен Фетаи истакна дека, за разлика од опозицијата која се претворила во фронт што тргува со партии, изборот на ВЛЕН ќе се направи врз основа на квалитетот и заслугите на кандидатите.

„Со поддршката што ја даваме на кандидатурата на господинот Менди Ќира во Струга, сведочиме дека нашиот интерес е интересот на граѓаните. Ние не го гледаме само индивидуалниот партиски интерес како ДД, Беса, Алтернатива, Алијанса и Самоопределување, туку го гледаме она што е интерес на граѓанинот, што очекува граѓанинот. Врз основа на спроведените анкети правиме мерења и ги идентификуваме, како што рече и Изет, најдобрите кандидати кои ни обезбедуваат победа и кои ги исполнуваат очекувањата на граѓаните, и тоа е сосема поинаков пристап од некогашниот европски, а сега национален фронт, кој се претворил во трговци со партии“ – Арбен Фетаи, ВЛЕН.

Локалните избори се очекува да се одржат во втората половина на месец октомври.Во политичкиот блок на Албанците, кандидатите на ВЛЕН ќе ги имаат за противници кандидатите на Европскиот фронт, во кој покрај ДУИ се и двете Алијанси за Албанците на Зијадин Села и Арбен Таравари, како и други помали албански партии и други заедници..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button