ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН задоволни од поделбата на владиниот „колач“, имиња се уште не се откриваат

Коалицијата ВЛЕН цени дека процесот на преговори за формирање влада е договрен во добра работна атмосфера, но Висар Ганиу, кој беше дел од преговарачкиот тим, не откри детали за кадровските поделби. Ганиу само потврди дека секретаријатот за европски прашања во новата Влада ќе се трансформира во министерство.

Advertisements

„Секретаријатот што беше порано за евроинтеграции,  преминува во министерството, со сопствен буџет и кабинет и сите нишани што треба да ги има едно министерство. Од друга страна, преговарачкиот процес помина во работна атмосфера. Имаше денови кога  интензитетот на разговорите беше долг, за да се направи најдоброто за нашата земја и можам да кажам и дека тоа помина во  добра атмосфера“, вели Ганиу.

Ганиу рече дека информациите за кадровските поделби преговарачкиот тим ќе ги соопшти на заедничка конференција. Според информациите кои веќе кружат во јавноста, во новата Влада, коалицијата ВЛЕН има 6 министерства, меѓу кои за здравство, економија и труд, социјална политика, демографија и млади, екологија, Министерството за евроинтеграции и Министерството за добро владеење. ВЛЕН ќе го има и првиот вицепремиер, кој ќе биде и министер за екологија. ВЛЕН ќе предложи и  7 заменици- министри  во Министерството за одбрана, внатрешни работи, образование, транспорт, етнички заедници, земјоделство и надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи коалицијата Влен и околу 400 директори и раководители на институции.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button