ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Влез во Косово, со старите лични карти

Влез во Косово, со старите лични карти

Мала фреквентност на граничниот премин Блаце..причина за ова е што голем број на граѓани не ги променија своите патни исправи со новото име на државата… Во Косово може да се влезе со старите лични карти, но не и со стари пасоши…

Advertisements

„Проблемот е што не можев да го обновам пасошот!”, рече еден граѓанин.

Најголем револт е забележан на царинскиот терминал на овој граничен пункт. Возачите наидуваат на проблеми бидејќи не можат да транзитираат во други земји со документи со старото име на државата. Велат дека од денеска не можат да патуваат во европските земји без новите патни исправи и ваквото доцнење ќе предизвика недостиг на стоки кои доаѓаат од странство за домашниот пазар.

На царинскиот терминал Блаце камионџиите кои превезуваат стока за увоз и извоз се револтирани затоа што не успеале навреме да ги заменат документите со новото име на државата и поради тоа ризикуваат да не можат да ја завршат својата работа и да ја достават стоката, која е неопходна за пазарот во земјата.

„Како да стигнам до таа гужва, секаде да има пунктови за издавање документи, и да не чекаме долго, требаше државата да се подготви и да не не остава вака. Го сменив пасошот затоа што го наполнив со печати, но се уште не сум сменил ниту возачка, ниту лична карта“, рече еден возач.

Од Здруженијата на транспортери велат дека проблеми се почувствувале на граничните премини со Грција, Бугарија и Турција, земји од кои се увезуваат значителен дел суровини и производи подготвени за пазарот. Од Здружението „Макам-транс“ велат дека економијата на земјава ризикува да остане без увезена стока доколку не се сменат сите патни исправи, возачки дозволи, дозволи за промет на возила и налепници на регистарски таблички./Алсат.мк
Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button