ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Влошено здравјето на лицето кое штрајкуваше со глад барајќи одговорност за пожарот во Тетово

По влошувањето на неговата здравствена состојба, организаторот на протестот на 17 септември во Тетово, Блерим Ахмеди, привремено го прекина штрајкот со глад. Неговиот адвокат, Рамани, за Алсат изјави дека Ахмеди ќе го продолжи штрајкот штом ќе се подобри неговата здравствена состојба. Ахмеди заедно со уште 4 лица се во притвор во Шутка од 18 септември.

Advertisements

„По одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Тетово за продолжување на притворот за 30 дена, за клиентот Блерим Ахмеди и уште четворица други, здравствената состојба им е добра. Но, клиентот Блерим Ахмеди сега делумно го одложи штрајкот со глад, бидејќи беше во лоша здравствена состојба“, рече Ќенан Рамани, адвокат.

Судот во Тетово првично им одреди 8 дневен притвор на организаторите на протестот за одговорност за пожарот во модуларната болница, а подоцна оваа мерка беше продолжена за уште 30 дена. Адвокатот Рамани рече дека ја обжалил оваа мерка и очекува од Апелациониот суд да ги ослободи неговите клиенти. Во меѓувреме, судовите во Тетово го закажаа за 13 октомври првото рочиште против петтемина обвинети. Организаторот на протестот Блерим Ахмеди и уште четири лица се обвинети за насилство врз полицајци. Протестот за правда и одговорност во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово каде што животот го загубија 14 лица, прерасна во насилство и судири со полицијата кога демонстрантите беа спречени да протестираат пред седиштето на ДУИ.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button