ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Алтернатива пред две опции – да го слушне гласот на народот или да го понесе криминалниот багаж на СДСМ-ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење во случај Алтернативата да реши да ја напушти опозицијата и да стане дел од власта, рече партиската портпаролка, Марија Митева.

Advertisements

„Ако Алтернатива мисли дека треба да биде дел од Владата на СДСМ и ДУИ и сето тоа што го носат како багаж зад себе, криминал, корупција и сиромаштија, тогаш навистина ни е жал. Алтернативата има две опции, едната е да го слуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ или да тргне по трката за функции и да се претопи во криминалното милје на Заев“, порача Митева.

За ова еден ден претходно беше прашан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека е во секојдневна комуникација со Гаши и дека одлуката ја носат партиските органи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button