ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара медиумите да учествуваат и на седниците на собраниските комисии

Опозицијата бара и седниците на работните тела на Собранието да бидат пренесувани во живо. Според ВМРО-ДПМНЕ, дискусиите без присуство на медиуми претставува цензура. Пратеникот Никола Мицевски вели дека неговото барање се темели врз Деловникот за работа на Собранието.

Advertisements

Претседателот на Собранието бара од Мицевски сите поплаки да ги каже на координативните средби, потсетувајќи го дека препораките на здравствените установи мора да се почитуваат.

Во моментов, само пленарните седници се емитуваат на собранискиот ТВ канал, додека состаноците на комисиите се емитуваат електронски, но без присуство на медиуми. Деловникот на Собранието предвидува само седниците на Комисијата за финансирање и буџет да се емитува на третиот канал на јавниот сервис. Според протоколите против Ковид-19, само членовите на комисијата можат да бидат присутни на состаноците на работните тела, а не и другите пратеници ако некој од веќе присутните претходно не излезе од салата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button