ВМРО бара поширока дебата за законите за администрација

Никако во Собранието да почне разгледувањето на четири предлог- закони на Министерството за информатичко општество и администрација, поради тензиите и судирите меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и првиот човек на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми. Во процедура се Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за стручно оспособување на административните службеници и Законот за безбедност на мрежи и ИТ системи. За ВМРО-ДПМНЕ нивното доставување со знаме на ЕУ е продолжение на лошата практика на власта.
Министерот за информатичко општество и администрација пред пратениците треба да ја образложи важноста од донесувањето на овие закони кои оценува дека се во согласност со одредбите на ЕУ и важни за унапредување на администрацијата и услугите во јавните институции.
Опозицијата побара да се стави на дневен ред Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, познат пократко како Закон за медиуми, кој го помина првиот филтер на почетокот на ноември минатата година.
Според првиот човек на Комисијата, Арбер Адеми, за законот за медиуми се бара да се почитува процедурата и да се даде време два дена по закажувањето на седницата за поднесување амандмани.
Фатлуме Дервиши