ВМРО: Да се продолжи старосната граница на судиите и обвинителите

Возраста за пензионирање на судиите и обвинителите, како и на сите избрани и именувани лица, по нивно барање ќе биде продолжена од 64 на 67 години. ВМРО-ДПМНЕ го предлага законот, претставувајќи го како решение за недостигот на кадар во правосудниот систем. Одложување на пензионирањето за уште три години ќе може по барање на лицето до надлежната институција.
Од СДСМ велат треба јасно да се стави до знаење дека измените опфаќаат поголема категорија граѓани. Поаѓајќи од слабата доверба во судството, бараат да им се даде можност на новите кадри наместо да се продолжи работниот век за судиите и обвинителите кои се веќе дел од системот.
Предложените измени на законот за работни односи се предмет на скратена постапка во Собранието. Тие ќе треба да бидат одобрени и на пленарна седница.
Фатлуме Дервиши