ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциска и Јавното обвинителство да отворат случај за аферата „Броило“ по допрен глас

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство да отворат случај за премиерот, Димитар Ковачевски и неговиот кум за аферата „Броило“, како што ја нарекоа од партијата и според која тврдат дека премиерот и неговиот кум на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра.

Advertisements

„ДКСК и ЈО да се охрабрат и да отворат случај за Димитар Ковачевски и неговиот кум Паунов кои на сомнителен начин заработиле 26 милиони евра. العاب قمار كازينو Ковачевски и Паунов злосторнички се здружиле и 5 месеци откако антимакедонската СДС е на власт во 2017 година ја основале Пискел Груп. كيفية لعب بوكر Во рок од една година Ковачевски и Паунов отвораат фабрика за производство на фотоволтаични панели, а преку државна помош земале 2 милиони евра, додека пак во период кога Ковачевски е заменик министер за финансии, фирмата на кумот на Ковачевски прави договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека „аферата покажува сериозна спрега помеѓу криминалот и Димитар Ковачевски“. لعبة الحظ الحقيقية

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button