ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Спасовски

Спасовски пред еден месец нѐ убедуваше дека “истрагата само што не покажала кој стои зад дојавите за бомби“, а денеска имаме само хаос, паника, закани и нови дојави, ОСТАВКА ВЕДНАШ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓу другото се додава:

„Повеќе од еден месец средните и основни училишта, трговските центри, Народната банка, станбени згради, министерства и други државни институции се на мета на дојава на бомби, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не може да открие кој стои зад овие лажни дојави.

На 16ти ноември Спасовски тврдеше дека истрагата е при крај и многу набрзо ќе се дознае кој стои зад лажните дојави за бомби, како и дека се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на МВР, како и партнерските служби, но денес наместо одговор, имаме се поголем хаос, преплашеност и паника кај граѓаните.

Наместо неспособниот Спасовски да одговори пред јавноста и да ја прекине агонијата сега пак вели дека лажните дојави за бомби се резултат по руската инвазија врз Украина.

Македонија е во хаос. Граѓаните се трауматизирани. Повеќе од очигледно е дека ситуацијата е сериозна, а  Спасовски наместо да ги открие сторителите, сѐ уште нѐ убедува дека сѐ е под контрола.

Криминалци хараат по полициски станици, синови на високи челници во МВР користат државни ресурси за лични потреби, криминалците раководат со МВР, секој ден има дојави за бомби, граѓаните се во паника, а Спасовски бега.

Воедно, најмалку што може да направи во овој момент Спасовски е да покаже барем малку морал и доблест и да си поднесе неотповиклива оставка. Неговата неспособност ја плаќаат граѓаните“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button