
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по информациите дека вооружена група ги избркала полицајците од Арачиново. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ , Наум Стоилковски го оцени Спасовски како најголема закана за функционирањето на МВР и справувањето со криминалот, насилството и корупцијата.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека овој случај се преувеличува, бидејќи засега нема официјален материјал кој потврдува дека имало таков напад врз полицајци, дури и вербален. Сепак, се работи на собирање докази за да се види дали оваа информација е всистиниат или не.
Дел од медиумите, според неофицијални информации, објавија информација дека доцна синоќа полициска патрола била избркана од Арачиново од вооружена група, откако претходно се обидела да запре возило кое наводно било управувано од лице кое немало документи./Alsat.mk
Ајнур Бафќари