ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Да се закаже седница, пописот да се одложи за септември

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку пратеникот Антонијо Милошоски, побара пописот на населението да се одложи за септември. Како што наведува Милошоски, во партијата оценуваат дека нема услови да се одржи безбеден и веродостоен попис кој што би дал соодветни и релевантни податоци.

„Според нас, човечки и хумано е на толку многу заболени и на превисока смртност, приоритет за имунизација да се даде и да имаат медицинските лица, хронично болните лица и потоа сите други останати. Секој друг редослед или приоритет би значел давање предност на политиката наместо на човечноста во медицината.

Затоа сметаме дека здравјето на луѓето треба да биде на прво место, а политичките и владините договори да бидат секундарни во овој поглед бидејќи животот нема реприза.

Уште еднаш ќе повторам, повикуваме од страна на Владата и владејачкото мнозинство да закажат итна седница за да може законски да се интервенира и да се измени Законот за попис на населението со тоа што ќе се одложи за септември, како најран можен месец за одржување на попис под услов во месеците кои се пред нас да има сериозен и динамичен процес на имунизација, побараа од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button