ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Дали газдата на пропаднатата фирма „СВ инвест“ е избеган во САД?

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение изразува сомнеж и прашува дали газдата на фирмата „СВ инвест“ е избеган во САД.

Advertisements

Оваа фирма ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува со случајот со РЕК „Битола“ за која вели дека било барано од „Рубитон“ – добитник на тендерот, да отстапи дел од работата или да плати рекет од 250 000 евра.

„Сѐ погласни се информациите дека газдата на пропаднатата ‘СВ инвест’, кој се поврзува со Вице Заев, е избеган во САД. Газдата на ’СВ инвест‘, Стојан Чифлигароски, според документите што до ВМРО-ДПМНЕ ги доставија свиркачи од врвот на СДСМ е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на ’Рубитон‘ да ја отстапат работата во РЕК ‘Битола’ или ако не сакаат да му платат 250 000 евра во кеш на Вице. Јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на ‘СВ инвест’ и Вице Заев? Но, и зошто Вице нема дадено исказ во јавното обвинителство?“, прашуваат од опозицијата.

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција потенцираше и оти фирмата „СВ инвест“ на 22 март годинава објавила отпочнување на стечајна постапка и обвинија дека целта е свесно да ја затворат за не ги поврзуваат со криминалот во РЕК „Битола“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button