ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ денеска на средби со пратеници на ЛДП, ДОМ и ДС за предлог-резолуцијата за спорот со Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку серија средби со пратеници од мнозинствово ќе бара поддршка за предлог-резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, која во петокот ја најави партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Advertisements

Според најавите, пратениците Антонијо Милошоски и Тимчо Муцунски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска прво ќе се сретнат со пратеници од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова, Боби Мојсоски и Маја Морачанин, а подоцна и со пратеникот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Милошоски и Муцунски пред пратениците од мнозинството ќе ја презентираат предлог-резолуцијата „за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните блокади од Бугарија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button