
Првиот вицепремиер Изет Меџити повеќе не го коментира ставот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, дека ДУИ ќе стане дел од владата. Според него, одговорот го дале од ВМРО ДПМНЕ.
„Одговор имаше од ВМРО ДПМНЕ. Да не се плашат, нема да им го земеме ДУИ“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека СДСМ не треба да се грижи бидејќи партијата на Мицкоски нема да го земе ДУИ во владата.
„Спасовски и СДСМ да не се грижат, нема да им го земеме ДУИ. Опозиционерите нека гледаат како Македонија оди напред. СДСМ веќе не знае што да прави, бидејќи рејтингот се топи како мраз на висока температура. Сега се послаби отколку што беа на минатите избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека ДУИ често и помагала на власта да носи закони и да ги спроведува нејзините политики.
Од ДУИ досега не ја коментираа изјавата на Спасовски./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши