ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на министерот Филипче

3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиската реакција се додава:
Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше.
За жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова.
Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на Венко Филипче, министер за зараза и смрт, кому видовме дека поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните што се потврдува и со најновиот скандал. Кина ги продава вакцините против корона по 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом фирма од Хонг Конг без вработени медицински лица требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините по дупло поскапа цена од реалната.
Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5-то место, но од позади. И ова не го кажува ВМРО, ова го нотира Блумбер. Срам и резил. Но да почнеме со ред.
Филипче е најодговорен за КАТАСТРОФАЛНО СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА КРИЗА поради:
1. Неследење на кластери
2. Нема лекови
3. Нема болнички кревети
4. Нема респиратори
5. Нема протокли за лечење и движење на пациенти
6. Ненавремени и несоодветни мерки