ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува, БДП расте и се намалува инфлацијата

„Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст“, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава:
„По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП.
Трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.
Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата.
Да и ние, до некаде, ќе се согласиме дека потребен е поголем раст и за таа цел Владата посветено работи, проекти и применува мерки и политики со кои ќе постигне планираниот раст на БДП за годинава од 3,7%.
А, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во наредните години растот на економијата да достигне и да надмине 4% раст на БДП.
Кога СДС, исто така, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.