ВМРО-ДПМНЕ: Европската банка стопираше 14 милиони евра наменети за Штипската клиничка болница

Уште еден доказ дека Македонија тоне секој ден, е последниот допис од Европската банка со кој ги информира властите во Македонија дека ги стопира предвидените 14 милиони евра наменети за изградба на штипската клиничка болница, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава:
Да биде најпоразително Европска банка ја констатира неспособноста и неодговорноста на власта на Заев коja од 2017-та година нема камен на камен ставено. Ако овој капитален здравствен објект беше изграден, со веќе одобрени европски пари, целиот источен регион ќе имаше современ здравствен капацитет кој ќе спасуваше животи и ќе овозможеше квалитетна нега на пациентите.
Европа очигледно видела дека власта има капацитет да ги топи парите или да ги злоупотребува европските средства за тренирање на магариња, па решила средствата да ги запре. Ова е меѓународна финансиска бламажа од која губат Македонија и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.