ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше најлошиот министер за здравство кој ветуваше „европско здравство“ а создаде „Менгеле здравство“

„Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.  Двете обвиненија за случајот Онкологија се доказ плус за тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во соопштението од партијата се додава:

„СДС на чело со Филипче како екс министер за здравство предизвика огромни финансиски загуби но и директно ги оштети онколошки болните кои остануваа без терапија.

Деструктивните политики на Филипче и СДС, го уништија македонското здравство, во време на СДС и Филипче имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

Мандатот на Филипче беше обележан и со недостиг на регистар за следење на онколошката терапија.

Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија. Филипче и Заев ветуваа „европско здравство“ а го претворија во  „Менгеле здравство“ и целосен крах на здравствениот систем поради лукративни причини.

Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем. Не постои семејство во државата која не е засегнато директно или индиректно со Онкологија и со работата на оваа здравствена установа.

Во време на Филипче како министер за здравство, здравјето на граѓаните беше заложник на бизнис мафијата блиска до СДС. Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче и СДС доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче дозволи здравствениот систем да се распадне. СДС е синоним за корупција криминал и предавство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button