ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали исто како Заев има златна виза за Дубаи и да објасни како ја стекнал

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение прашува дали и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче има златна виза за Дубаи исто како и Зоран Заев.
„Зоран Заев поседува златна виза во Дубаи, но ја повикуваме неговата верна сенка и чувар на лидерското столче во СДС, Венко Филипче, да објасни дали тој поседува иста таква виза“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека златната виза е документ што се добива со инвестиција и прашуваат „колку милиони однесе во Дубаи Венко Филипче?“.
„Дали тоа е ќарот од ковид-кризата и криминалот направен во тоа време? СДС да одговори прецизно, дали Филипче има златна виза и како ја добил? Очекуваме конкретни одговори. СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Од владејачката партија и вчера упатија прашања до СДСМ од каде побараа одговор на кој начин поранешниот премиер и екслидер на СДСМ, Зоран Заев, стигнал до златна виза во Дубаи.