ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи“, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение се додава:

„Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви?

Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?

Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче.

Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?

На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?

Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button