ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не чувствува одговорност за Онкологија, важни му се само бизнисите со Заев

Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и дека не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното интервју на лидерот на СДСМ за „360 степени“.

Advertisements

„Венко Филипче не се грижи што беше најлошиот министер за здравство. Филипче не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово. Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети. На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне. На Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче синоќа во интервју за „360 степени“, коментирајќи ги двете обвиненија што ги поднесе ОЈО Скопје за случајот „Онкологија“, а кои се однесуваат на дела сторени во периодот кога тој беше министер за здравство, рече дека е добро што има резултат и оти поддржува целата постапка да се истера до крај.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button