ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осуди вчерашното сквернавење на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме по скопските улици. Од владејачката партија реагираат и за, како што велат, навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите постапки имаат политичка позадина, а креаторите на истите преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.

Advertisements

„Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот. Kриминалните банди кои 20 години ги ограбија институциите и сите граѓани независно од етничката припадност, со овој однос покажаа дека за нив националните знамиња не се ништо друго освен обвивка со која мислат дека ќе избегнат кривична одговорност. Правдата доаѓа, а овие реакции се најголема потврда за нивниот страв“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ од каде ги повикаа граѓаните да останат достоинствени и мудри „бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија“.

За време на синоќешната прослава на Денот на албанското знаме, низ улиците во дел од Скопје, било скинато македонското знаме, според видеа што се појавија на социјалните мрежи.

Откако неколку улици во делови од Скопје синоќа беа блокирани од колони возила, од кои се вееја албански знамиња, на видеа објавени на социјалната мрежа Икс, во близина на Бит-пазар на еден автомобил можеше да се види како лице го кине македонското знаме и го фрла настрана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button