ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага за недостигот на лекови на Онкологија

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија, тврдејќи дека случајот е последица на злоупотреби од страна на веледрогерии кои креираат вештачка криза со набавката на лекови.

Проблемот со недостигот на терапија за тешко болните пациенти од рак на Онкологија, според партијата не е новина и нешто се случува само сега. Ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се повторува во првите два до три месеци секоја година и секоја година една иста веледрогерија ги набавува лековите по енормно високи цени.

Оваа веледрогерија, како што обвинуваат од власта, има политичка заштита од структури од СДСМ и ДУИ, која ја користи за да создава големи профити со кризата за лекови што вештачки ја креира.

„Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, оттаму прашуваат дали е точно дека веледрогеријата, за која тврдат дека е блиска до СДСМ, го уценува со цени македонското здравство и дали е вистина дека оваа, според нив, вештачки создадена криза, е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови од неа.

Од Клиниката за онкологија вчера соопштија дека Бројот на пациенти е во постојан пораст и не може однапред најпрецизно да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката на биолошката терапија, посочувајќи дека располагаат со преглед на потрошувачката на количините на постојните пациенти.

Посочија дека Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување на регистар во форма која е неопходна за потребите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), со цел да се обезбеди јасен и транспарентен начин за евиденција на биолошката терапија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button