ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со своите критики насочени кон Сојузот на Синдикати на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со своите критики насочени кон Сојузот на Синдикати на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со своите критики насочени кон Сојузот на Синдикати на Македонија, синдикалната организација за која власта смета дека веќе нема кредибилитет и дека дејствува под палка на СДСМ. Од друга страна пак, претседателот на сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, вели дека тие штрајкувале и неколкупати додека сегашната опозиција била на власт, но рече и дека одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во синдикатот што според него е недозволиво. За ВМРО-ДПМНЕ пак нема дилема – сметаат дека сите барања на ССМ се политички и ги следат тезите на СДСМ.
„Слободан Трендафилов, подолг период не ги одразува идеите и потребите на работниците, туку на СДС. ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека Трендафилов бил на состаноци со СДС и дека е во постојан дослух со нив и со Левица, а СДС излезе и призна. Сања Лукаревска од собраниска сала за прес-конференции јасно кажа дека се гледале со Слободан Трендафилов. Сите барања на ССМ, се политички и ги следат тезите на СДС. Барањата на ССМ не се поткрепени со реалноста. На државата и треба развој, и економски раст, кој забрзано се случува. А со забрзана економска трансформација ќе растат и платите и стандардот на граѓаните„, рече ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, пратеник.