ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ и Левица инсистираат на одржување на локалните избори на 17-ти октомври

Опозициските партии повикаа локалните избори да се одржат на 17 октомври. Според нив, Уставните рокови го регулираат датумот на изборите во согласност со последниот мандат. ВМРО-ДПМНЕ проценува дека кој било друг датум освен 17 октомври, е спротивен на Уставот.

Алијанса за Алабанците и Алтернатива е подготвена за избори на кој било датум во октомври, но вели дека зад барањето за одложување на изборите се крие стравот од еуфорија во пописот на населението.

„Тие бараат одложување на изборите земајќи ја в предвид еуфоријата што пописот го има кај Албанците и оваа еуфорија ќе оди кон опозицијата. „Пописот било во дијаспората или во земјата ќе се отелотвори во фактот дека промената мора да им се случи на Албанците, и таа еуфорија што се случува во пописот ќе се рефлектира на локалните избори.

Од ДУИ велат дека секој датум на избори е прифатлив, и дека нема да се мешаат во преговорите меѓу политичките партии.

„Ние како ДУИ немаме дилеми во успехот на овие избори, и за нас датумот на изборите е малку важен. Оставаме на другите партии да се договорат за датумот на изборите, кога и да се усогласи, ќе го поддржиме “.

Партијата „Левица“ исто така проценува дека датумот кога треба да се одржат локалните избори е 17 октомври, и кој било друг датум може да биде елемент за оценување во Уставниот суд. Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека Владата работи на изготвување законско решение во кое ќе биде нагласено: „Мандатот на градоначалниците продолжува до изборот на нови градоначалници“, така што датумот за локалните избори да може да биде одреден на крајот на октомври. Според него, со ова ќе се избегне вкрстување на кампањите за попис со онаа на локалните избори. Заев појасни дека додека законското решение за кое се потребни 2/3 од гласовите не помине во Собранието, изборите треба да се одржат на 17 октомври.

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button