ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се расправаат за Декларацијата за Илинден

Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат, сметаат во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и обвинуваат дека и по еден месец откако најавиле, како што велат, некаква Декларација за Илинден за заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски ниту СДСМ збор не изустиле што содржи документот и кога ќе го поднесат.

Advertisements

„Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа? До каде е и што содржи таа Декларација? Зошто Ковачевски и СДС сè уште не ја поднеле и од што се исплашија? Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Ковачевски и СДСМ се откажаале од сè што е македонско и обвинија дека се најголемите предавници на сопствениот народ и држава.

„Никој не ги поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори“, децидни се од партијата.

Од владејачкиот СДСМ вратија дека Декларацијата за Илинден ја поднеле во Собранието уште на 28 јули и дека за поднесувањето јавно информирале. Според нив, согласно собраниските процедури, документот ќе се најде и пред пратениците.

„Дали ДПМНЕ нема капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава? Или, пак, нивната определба да се служат само со лажни вести е причина за манифестираното непознавање на работите и неинформираност од страна на опозициската партија?“, велат од СДСМ.

Од партијата ѝ порачаа на ВМРО-ДПМНЕ дека треба да биде информирана и да ги следи случувањата во земјата и во македонското Собрание. „Покажувајќи вакво незнаење, ДПМНЕ излегува многу несериозна“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button