ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден

„Димитар Ковачевски и СДС се самоцензурираат. И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДС збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДС и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа? До каде е и што содржи таа Декларација? Зошто Ковачевски и СДС се уште не ја поднеле и од што се исплашија“, прашува опозициската партија.

„Уште еден неуспешен обид на владата на СДС и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција.

Ковачевски и СДС се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава. Никој не го поддржува Ковачевски, СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button