МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК покажа систематска негрижа на Владата за реформите

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со оценка дека Извештајот на Европската комисија според нив покажал систематска негрижа на Владата за реформите. Секретарот за меѓународна соработка на партијата, Стефан Андоновски рече дека во Извештајот, Европската комисија ја навела оценката дека нема никаков напредок во спроведувањето на препораките од извештајот од минатата година, псоебно за јавната администрација.

Advertisements

„ЕК ја споменува и злоупотребата на европското знаменце во носење на законите по кратка постапка. Според ЕК, овие закони треба да бидат значително ограничени бидејќи ги намалуваат можностите за инклузивни законодавни процеси и значајни дебати. Извештајот смета и дека работата на Парламентот е нарушена од политичка поларизација, што го одложи усвојувањето на многу закони. Се забележува и дека нема значителен напредок во спроведувањето на обврските преземени за време на третиот круг, третиот циклус од „Дијалогот Жан Моне” од почетокот на 2020-тата година“, рече Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button