ВМРО-ДПМНЕ ја обвини претходната власт за проектот за автопатот Скопје-Блаце

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува претходната власт дека 7 години не изградила ниеден автопат. Според нив, СДСМ и ДУИ направиле само калкулации за криминал и профит. Од таму велат дека активностите биле насочени кон „калкулации за криминал и профит на поединци“.
„Јасно е дека раководството на ДУИ и СДС сериозно сакале да придобијат од експропријацијата и траншата со многу тунели. Ова е пријавено кај Обвинителството и очекаме да се постапува. Народот очекува одговори ако претходната влада сакала да инкасира милиони преку своите блиски луѓе. Македонија нема 300 милиони евра за да ги фрли на автопатот од само 10 километри. Трасата треба да се редизајнира и да се добие автопат со многу пониски цени“, рече Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме од Влен изјавија дека министерот за транспорт има сомнежи за злоупотреба на секој проект на минатата власт во однос на изградбата на автопатиштата.
„Се сомнева во железничкиот проект од Крива Паланка до Деве Баир, се сомнева во проектот од Тетово до Струга, се сомнева за Блаце-Скопје. Се сомнева дека овие проекти се направени со чисти раце. Но, ќе дадеме се од себе овие проекти да се реализираат, особено мислам дека тука на патот Скопје-Блаце треба да се повлече црвена линија“, рече Беким Ќоку, пратеник на ВЛЕН.
Првата фаза од автопатот Скопје – Блаце започна да се гради пред пет години. Но, според министерот за транспорт, Александар Николовски, проектот е толку лош што првите 2 километри не поврзуваат ништо и завршува во голема дупка. Тој вели дека постојат две опции, да се провери реалниот трошок и ако навистина чини 300 милиони евра, тогаш нема логика проектот да продолжи. Втората опција според него е да се состави нова физибилити студија за нова траса која ќе биде пофункционална.
Алсат