ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение порача дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, која од утринава се споделува помеѓу граѓаните на социјалните мрежи.

Оттаму изразија уверување дека институциите ќе се спротистават на, како што велат, забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор што предизвикува инфлација нечовечно се зголемуваат цените на производите, што директно ја зголемува сиромаштијата.

Advertisements

„Истовремено за очекување е Владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа“, велат од владејачката партија и додаваат дека дивеењето на маркетите мора да престане.

Оценуваат оти ваквите навики на трговците биле толерирани од претходните влади, што ја зголемило сиромаштијата, на сметка на богатењето на сопствениците на неколку маркети преку злоупотреба и нереални зголемувања на цените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button