ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер

Предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, поранешниот министер за финансии Трајко Славески да биде нов гувернер ќе добие поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Коментирајќи го предлогот Славески да биде гувернер, Мицкоски рече дека тоа е одлука на претседателот на државата и нема потреба од дополнителен коментар.

Advertisements

Но, за СДСМ, назначувањето на Трајко Славески за гувернер значи погребување на последната преостаната независна институција. Поради оваа причина, од СДСМ најавуваат дека остро ќе се спротивстават на неговиот избор.

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила. СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна“, наведоа од СДСМ.

Покрај Славески, во јавноста се споменаа и имињата на Зоран Ставревски, исто така поранешен министер за финансии, како и на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на нов гувернер, потребни се 61 глас од пратениците.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button