ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира измените за Законот за данок на добивка во Собранието, најави Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека Пратеничката група на неговата партија „колку што е можно“ ќе ги блокира предложените измени на Законот за данок на добивка во Собранието.

Advertisements

– Не е добар воопшто, ние тоа го коментиравме. Ние сме само опозиција и не можеме во моментот, освен коментар, што било друго да направиме. Апсолутно застануваме позади барањата на коморите дека ова не треба да биде имплементирано. Можам да ветам, ако тие сепак одлучат тоа да го направат, со сите сили во Парламентот тоа да го блокираме, онолку колку што можеме, одговори Мицкоски, прашан за предлог измените за Законот за данокот на добивка и реакциите коморите.

Мицкоски додаде и дека „идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ ќе го врати решението во законот „онака како што беше“.

Во реакција на Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, Сојузот на стопански комори на Македонија, оцени дека со него наместо да создаде услови за правично оданочување, се предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, се загрозува нивниот опстанок и се стимулира даночна евазија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button