ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСМ и ДУИ унија на злото

Договорот за предизборна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, за локалните избори во октомври од страна на ВМРО ДПМНЕ е наречен како унија на злото. Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ го потсети Заев на неговите критики упатени против ДУИ.
Премиерот Заев не сакаше да го коментира Милошоски, но рече дека списокот на кандидати ќе се комплетира во зависност од потенцијалните кандидати.
Движењето Беса, кое на последните парламентарни избори влезе во коалиција со СДСМ, ќе учествува сама на локалните избори. Арјанит Хоџа рече дека немаат никакво знаење за договор СДСМ-ДУИ.
„Ние не би ги коментирале договорите на лидерите на политичките партии, иако тие се дел од владејачката коалиција. Реално, не ги знаеме деталите за тоа што е кажано, бидејќи Движењето Беса рековме дека се подготвува да одиме сами на локалните избори, затоа што цениме дека нашето присуство во Владата направи разлика, и сакаме таа промена да се рефлектира во гласови. Како политичка партија, навистина сакаме да видиме како се рефлектираше нашата 10-месечно владеење, односно скоро една година до локалните избори“, рече Хоџа.
Коментирајќи ја коалицијата СДСМ-ДУИ, лидерот на АА, Зијадин Села, рече дека Али Ахмети се плаши да го прифати предизвикот да се кандидира сам на локалните избори. Од колаицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива не кажуваат дали ќе коалицираат со која било друга партија, или ќе учествуваат сами на локалните избори.
Аднан Ќаили