ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски се заплетка во сопствената лага, концесиите за рудници во Струмичко се од 2006 година

Димитар Ковачевски во обид да го одбрани министерот за економија Крешник Бектеши за концесиите за рудник во Струмичко се заплетка во сопствената лага, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Без никаков срам, со цел да му слугува на Ахмети, пионот Ковачевски ја излажа јавноста. Според јавните документи, концесиите за рудниците во Струмичко се дадени во 2006 година, во време кога власта беше во рацете на СДС и ДУИ. Но, и покрај тоа, Ковачевски дрско обвинува други, иако со еден потпис може да ја поништи одлуката за доброто на граѓаните од Струмичкиот Регион“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Ковачевски веднаш да го разреши Крешник Бектеши или, пак, да ги разреши изманипулираните министри кои гласале одлука за која наводно не знаеле.