ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонците во Израел оставени сами на себе

Македонците во Израел се оставени сами на себе, додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколку авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер-летови. Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно“, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија.

Оттаму ја повикаа Владата „со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и договара тендери во четири очи, да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button