ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува измените на законот за заштита од заразни болести

На два дена до координацијата меѓу власта и опозицијата, се чини дека страните сè уште се наоѓаат на спротивни позиции околу измените на законот за заштита на населението од заразни болести. СДСМ ја обвинува опозицијата дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.
„ВМРО-ДПМНЕ со денови го блокира и го одложува усвојувањето на многу важни мерки за справување со пандемијата, со што директно го загрозува здравјето на граѓаните. Нивните тенденции за опструкција и блокада на законските измени и Комисијата за инфективни болести се во насока на освојување на политички поени на сметка на Христијан Мицкоски”, наведуваат од СДСМ.
Опозицијата смета дека се предлагаат мерки со кои ќе му се олесни на инспекторатот да казнува полесно, иако овој предлог нема да го спречи ширењето на пандемијата. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема да го блокираат Собранието, туку ќе гласаат „воздржано“.
Во врска со повтореното барање за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче, Мисајловски додава дека Филипче треба да поднесе оставка и да им дозволи на експертите да си ја завршат својата работа. Во моментов нема најави за поригорозни чекори на опозицијата кон министерот, како што е интерпелацијата во Собранието. Од друга страна, Филипче вели дека не гледа причина за оставка затоа што според него земјата се справува со пандемијата на примерен начин, и дека единственото предлозите на ВМРО ДПМНЕ немаат медицинска логика. Тој им порача да ја држат политиката настрана од оваа криза.
Адријан Керими