ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Нема учебници, но затоа има лажни дојави за бомби

Ситуацијата со лажните дојави за бомби е алармантна, а Министерството за внатрешни работи веќе пет месеци не може да ги открие сторителите. Нови 33 дојави за лажни бомби во училиштата низ Македонија покажуваат дека безбедносниот систем е целосно девастиран. МВР и Спасовски ништо не работат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните дојави за бомби во 47 основни и средни училишта во Скопје.

„Пет месеци по ред Македонија е цел на лажни дојави, а Оливер Спасовски не само што не може да најде кој ги испраќа туку не понел ниту одговорност. Згора на тоа, со месеци наназад голем број јавни објекти, скопскиот аеродром, Железничката станица, трговски објекти, државни институции се под закана за бомби. Владата, Ковачевски и Спасовски се неспособни да обезбедат ниту мир ниту, пак, да гарантираат за безбедност на граѓаните и државата. Цела ситуација предизвикува страв и паника не само кај учениците и нивните родители туку и кај сите граѓани. Наместо во училишни клупи, учениците на минусни температури се надвор додека МВР ги проверува училиштата“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочија на министерот за образование Јетон Шаќири и недостигот од учебници и го повикаа „наместо да кажува дека изгубените часови ќе се надоместат, да побара од својот колега Спасовски да открие кој стои зад овие лажни дојави за бомби“.

„Владата на Ковачевски не може да обезбеди еден ден сигурност, но затоа обезбедува милионски суми и криминал од сомнителни тендери и бизнис зделки. Ако не знаат како да управуваат со институциите и државата, тогаш ајде на предвремени парламентарни избори“, повикаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button