ВМРО-ДПМНЕ: Носител на позиција каква има Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба

Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по реакцијата од опозициската СДСМ за целта на посетата на собранискиот спикер на Косово со службен автомобил и придружба.
Од ВМРО, без да одговорат на прашањето од опозицијата – дали во МВР постои патен налог за Гаши, додаваат:
Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?
Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши.
Времето на самоволие заврши со смена на власта.