ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта е на врвот на аферата „Мафија“

Спасовски и Заев ја потценуваат интелигенцијата на народот и мислат дека ќе му продадат приказна, дека некој службеник од пасошко одделение ги познава нарко-босовите Пекер и Вукотиќ и може да им издаде пасош со друг идентитет, без за тоа да нема логистика од цела вертикала во МВР до Спасовски, а притоа за тоа да е информиран Зоран Заев, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение објавено денеска меѓудругото се додава:

Според информациите од билтен на МВР Седат Пекер бил протеран од Македонија на 19-ти јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица.

Како Пекер кој бил протеран, дошол повторно во Македонија, каде и како ја поминал границата, и како е возможно да помине преку цело Скопје незабележан?

Не е возможно Пекер кој го гледавме на социјалните мрежи како низ Скопје се шеташе со 20 луѓе обезбедување, да помине низ Скопје, а МВР за тоа да не знае.

Иста е и ситуацијата и со Јован Вукотиќ. Кој поминал неколку граници со македонска патна исправа, а на сведочење во суд во Белград, кажал дека истиот го добил легално од МВР.

Истрага по закон трае максимум 18 месеци. Преку 40 месеци Оливер Спасовски не мрднал со прст за тоа како Вукотиќ добил македонски пасош за кој во Србија веќе одлежа затвор.

Спасовски и Заев се на врвот на аферата „Мафија“, тие овозможиле логистика за нарко – босови, а денес одговорноста ја префрлија на обични службеници. На тој начин тие признаваат дека се главните виновници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button