ВМРО ДПМНЕ очекува месецов да бидат ставени на дневен ред интерпелациите против Николовски и Маричиќ

Опозицијата очекува овој месец да се расправа за интерпелациите против вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски и за министерот за правда, Бојан Маричиќ. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека очекуваат поддршка од пратениците кои мислат за доброто на државата и на граѓаните.
Опозицијата предупредува дека рангирањето на 111 – то место на листата на корумпирани држави негативно влијае на економијата на земјата.
Интерпелацијата против Николовски дојде како резултат на извештајот на „Транспаренси Интернешнл“, каде Македонија е рангирана на 111 – то место во борбата против корупцијата, додека интерпелацијата против Маричиќ дојде по скандалот со „Јавна Соба“ на апликацијата Телеграм. Минатата недела, Собранието со мнозинство гласови ја отфрли интерпелацијата против вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, поднесена од опозициските партии.
Адриан Керими