ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Одложување на пописот или попис по електронски пат

ВМРО ДПМНЕ утре започнува со собирање на 100 – те потписи потребни за формализирање на иницијативата против Законот за попис на населението. Партијата на Христијан Мицкоски останува на ставот дека поради пандемијата пописот треба да се одложи, а тие не се откажуваат од барањето за електронски попис. Мицкоски вели дека владата треба да го следи примерот на земјите во регионот и пошироко, кои веќе ги пренасочија пописите во 2022 година.

Advertisements

Иницијативата за укинување на Законот за попис на населението започнува со собирање на 100 потписи во локалните единици на Државната изборна комисија. Иницијативата потоа се испраќа до првиот човек на Собранието и до Законодавно – правната комисија. Откако ќе се утврди автентичноста на 100 – те потписи, шефот на Собранието го известува предлагачот на иницијативата и Владата и потоа иницијативата се испраќа до локалните единици на ДИК и со ова започнува собирањето потписи. Во текот на оваа недела се очекува објавување на методологијата врз основа на која ќе се реализира процесот. Пописот на населението е закажан од 1 до 21 април 2021 година.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button