МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, сѐ со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко, велат од ВМРО=-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиската реакција се додава:

„СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер.

Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ.

Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button