ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Овој 1 Мај Владата го честита со зголемување на работната недела и непочитување на минималецот

Овогодишниот 1 Мај – Меѓународен ден на трудот, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата им го честита на работниците со Закон за зголемување на работната недела алудирајќи на предлог-измените на Законот за работни односи со кои ќе се овозможи зголемен број работни часови за работниците што ќе бидат ангажирани на проекти од национален и стратешки интерес како што е изградбата на коридорите 8 и 10-д.

Advertisements

Покрај со зголемена работна недела, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека годинава Меѓународниот ден на трудот Владата го честита и со минимална плата која не се почитува и со кршење на работничките права.

„Македонија последните пет години ги живее во мизерија, пред сè од економска, но и од гледна точка на сигурност и иднина. Ова прашање не може да ги одбегне моментите на иселување на работната сила, немањето ниту една нова странска инвестиција, немање на новоотворени работни места, работници кои немаат земено плата, инфлацијата која расте, цените кои се во незапирлив скок, а државата е во долгови. Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден. Ова прашање одамна веќе не е прашање за левицата или десницата, туку прашање за човековото право за достоинствен живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button